Учете ИТ од било каде: Игор од Time.mk предлага студиска програма според онлајн курсеви

Можеби некогаш за добивање на врвно знаење и вештини било неопходно да аплицирате на некој универзитет, но сега благодарение на се поквалитетните онлајн курсеви од техничките факултети, можете да добиете навистино квалитетно образование и од дома.

Основачот на Time.mk и професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, Игор Трајковски, на блогот на Time.mk сподели листа на предавањa од Coursera.org, Udacity.com и Edx.org кои се наменети за сите кои се заинтересирани за информатика. Сите курсеви кои се споделени се предаваат на престижни светски универзитети, и проценката на Игор, кој ги користи курсевите како материјал во своите предавања на ФИНКИ, е дека по нивното завршување, знаењето со кое ќе се здобијат студентите е еквивалентно со она кое се добива на најдобрите универзитети каде се изучува информатика, како MIT, Stanford, Princeton или Harvard. Освен споделените курсеви, Игор сподели и лични совети за сите заинтересирани за онлајн студиска програма и како да го менаџираат времето за учење.

„Слободата која ја овозможува онлајн студирањето (можност да ги слушате предавањата и решавате домашните и испитите во време кога вам ви одговара на било кое место каде што имате пристап до интернет) има и свои негативни елементи, затоа што сите одлуки за тоа кога и колку време да посветите на учењето се оставени на вас, со не толку строги крајни рокови“, вели Игор. „Да сумираме, за да ги завршите потребните курсеви потребно ви е добро познавање на англискиот јазик, желба за учење, време и трпение. Наградата е голема. Тоа е знаење и искуство со кое ќе можете да најдете работа било каде во светот. Итоа не било каква работа, туку работа во најпрестижните компании во светот“.

5 коментари на “Учете ИТ од било каде: Игор од Time.mk предлага студиска програма според онлајн курсеви

    1. го прочитав првиот link, на кој начин може знаењето да биде не добро ? ? ?
      дали ќе ми го смени мислењето вторaта критика ? ? ?
      сепак ќе најдам време и ќе прочитам…

      1. втората критика е премногу обемна и филозофска,
        сепак цитирам од неа
        "And as society grew, the university was to grow with it,
        adapting to changing needs by staying in a permanent state of reformulation."

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии