Учете германски со македонската апликација Deutsch Hören und Lesen

Deutsch Hören und Lesen е Android, односно iOS апликација која ви дозволува бесплатно да учите германски јазик преку слушање и читање приказни. Од она што го забележавме, приказните се сервираат според вашето претходно познавање на јазикот, а по секоја приказна стапува на сила мини квиз со прашања поврзани со текстот, иако, мора да признаеме дека потребна е една солидна основа за понатамошна надградба со оваа апликација.

За секоја приказна можете да ја прилагодувате брзината со која се испорачува нарацијата, а имате на располагање и ноќен режим. Целата содржината која се прикажува во апликацијата е прикачена на интернет, и има додатна можност за зачувување на саканата содржина на вашиот телефон, но за истото морате првин да се регистрирате. 

Апликацијата често се ажурира со нови приказни, а оценката од 4.6 на Google Play е заснована од скоро 5000 рецензии и над 500 000 преземања

Deutsch Hören und Lesen е македонски продукт зад кој стои информатичарот Живко Герасимов. Со Живко веќе стапивме во контакт и му подготвивме неколку прашања поврзани за неговата апликација. Додека го чекате нашето интервју, искористете го времето пред вас и проверете ја Deutsch Hören und Lesen за да ги подобрите вашите вештини со овој јазик!

1 коментар на “Учете германски со македонската апликација Deutsch Hören und Lesen

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии