Учете англиски идиоми со апликацијата Idioms

Мартин Јованчевски

во Веб

Идиоми се изрази што имаат специфично значење кое е својствено за определен јазик и, обично, не може буквално да се преведат на друг јазик. Пример, еден од најпознатите англиски идиоми е: it’s a piece of cake, а значи дека е нешто е многу лесно. Претпоставуваме знаете дека it’s raining cats and dogs е паѓа силен дожд, но дали би знаеле што значат идиомите како:

  • down in the dumps
  • once in a blue moon
  • foot the bill

Idioms e апликација која ќе објасни што значат овие идиоми и многу повеќе, преку едноставен и шаренолик интерфејс кој крие бројни тестови и игри. Во поглед на тестови, можете да пополнувате на празно место, да изберете точен одговор, да поврзувате зборови во правилен редослед, и слично. Во поглед на игри, имате на располагање игра во форма на квизот: Кој сака да биде милионер, да поврзувате букви во зборче кое се бара, да играте сложувалка, и слично.

Idioms е апликација која се препорачува доколку сте во одреден степен на учење англиски каде е потребно да го заземете наредниот чекор на усовршување и да пробате да користите понапредни и поприродни форми на изразување. Во таквата мисија дефинитивно помагаат и дневните предизвици и бројни курсеви за ревитализација на вашето познавање на идиоми.

1 коментар на “Учете англиски идиоми со апликацијата Idioms

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии