Спонзориран текст

Учествувајте на Google #HashCode 2019 заедно со Netcetera

Спонзорирано од Netcetera

во feature, ИТ.МК, Спонзорирани

Google #HashCode е тимски натпревар во програмирање во кој до минатата година учествуваа натреварувачи од Европа, Средниот Исток и Африка, а од оваа година натпреварот е на глобално ниво и во него може да се вклучат натпреварувачи од целиот свет.

Натпреварот е поделен во две рунди; првата е квалификациска и се одржува на 28 февруари, онлајн. Втората, финална рунда се одржува на 27 април, во канцелариите на Google во Даблин.

На минатогодишното издание на Google #HashCode во Даблин, во конкуренција на 5 000 тимови и 37 000 учесници, тимот на Netcetera заврши на високото девето место! Со мотив за уште подобар пласман, како и претходните години, така и оваа година Netcetera организира официјален HashCode хаб во новите канцеларии во Скопје во City Tower.

Хабовите се организираат низ целиот свет. Тие го прават натпреварувањето во онлајн кругот уште возбудливо, бидејќи тимовите можат да дојдат и заедно да се натпреваруваат рамо до рамо. Покрај тоа, хабовите се одлично место да запознаете нови и интересни луѓе. 🙂

Ако сакате да се натпреварувате од канцелариите на Netcetera во City Tower, тогаш пријавете се за учество на следниот линк и упатете се до системот на судиите за да го одберете го официјалниот NETCETERA SKP хаб и да го резервирате вашето место. Откако ќе се регистрирате, одете на Facebook страната на настанот и пријавете го вашето присуство и таму. Пријавувањето трае до 25 февруари, па затоа побрзајте.

Она што веројатно е важно за дел од корисниците е дека постои ограничување по број на членови во секој од тимовите. Тимот може да има најмалку 2 и најмногу 4 учесници. Ако завршивте со сите подготовки и едвај чекате да започнете, имаме една добра вест! Во архивата на Google Hash Code се објавени проблемите од квалификациските и финалните фази од претходните години и може да почнете да вежбате.

Кој може да учествува?

Google Hash Code е натпревар во организација на Google на кој може да учествуваат студенти или професионалци од индустријата од целиот свет.

Зошто да учествувам?

Еве ги одговорите кои на ова прашање ги дава Google:

  • Оптимизациски проблеми „for the win“. Овие проблеми немаат едно решение и се истите проблеми кои ги имаат и инженерите во Google. За секој проблем има повеќе различни пристапи и низ секоја рунда тимовите го усовршуваат решението низ повеќе итерации.
  • Фокус на Hash Code е заедницата. Натпреварот е креиран за да се работи во тимови со фокус на локалните хабови. Оваа година натпреварот за прв пат е отворен за учесници од целиот свет. Најдобрите тимови ќе имаат можност да се запознаат со развивачи од целиот свет!
  • Googley забава. Натпреварот е можност да ѕирнете во софтвер инженерството во Google.  „Кога нашите тимови решаваат некој проблем може да се обложите дека се забавуваат“, велат од Google.

Ако уште размислувате и ова не беше доволно да ве убеди, еве го советот од тимот на Netcetera кој минатата година се пласираше на деветто место:

„Натпреварите по програмирање дефинитивно може да ве направат подобри во работата. Иако типот на проблеми што се решаваат таму, како и самите решенија патем, се многу различни од тоа што го имаме во секојдневната работа, сепак тоа е еден многу добар тренинг кој ќе ви го подобри програмерските способности. Најмногу од се, ќе ви изгради еден многу подобар начин на размислување“

Ве убедивме? Следете ги следните чекори за да се приклучите во хабот на Netcetera:

  • Формирајте тим и кликнете тука за да се пријавите.
  • По регистрацијата, упатете се до системот на судиите и одберете го официјалниот NETCETERA SKP хаб и резервирајте го вашето место.

Регистрацијата завршува на 25 февруари 2019 година во 23:59 часот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии