Ubuntu започна со објавување на водичи за развој на Ubuntu Phone OS апликации

Ubuntu објави серија на водичи за развивачите кои планираат да развиваат апликации за Ubuntu мобилниот оперативен систем. Во моментот документацијата се состои само од водичи за корисничките интерфејси, додека во иднина сигурно базата ќе се зголеми со повеќе материјал. Ова доаѓа после објавувањето на информациите дека првите Ubuntu паметни телефони ќе се појават во октомври, па време е развивачите што ќе сакаат да развиваат апликации за овој оперативен систем, работата да си ја фатат со време.

„Заедно со Ubuntu SDK, водичот за дизајнирање на апликации го комплетираше првото заглавје во сторијата за развој на Ubuntu апликации. Развивачите сега имаат алатки да создаваат прекрасен софтвер, заедно со понудените информации за UX, однесувањето, патерните и визуелниот дизајн за да се осигурат дека нивната апликација е солидна, чиста и нуди уживачко корисничко искуство.“, вели Дејвид Планела, Ubuntu развивач.

Ubuntu App Design водичот има покриено неколку теми: типографија, распоредувањето на елементи, навигација и промени, а до него можете да пристапите од овде.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии