Ubuntu за Galaxy Nexus и Nexus 4 ќе биде објавен на 21 февруари

По видеото и Марк Шатлворт си играше со оперативниот систем инсталиран на својот Galaxy Nexus, сега доаѓа најава дека Ubuntu мобилниот оперативен систем ќе биде наскоро достапен за сите љубопитни ИТ ентузијасти. Имено, од 21 февруари, развивачите ќе може да го стартуваат Ubuntu Phone OS на својот Galaxy Nexus или Nexus 4 уред.

Иако ова е чекор во кој ентузијастите би сакале да се запознаат со новиот оперативен систем, од Canonical во текот на минатата недела објавија водич за дизајнирање на апликација за Ubuntu Phone OS со цел подобро да го разбереме процесот на развој на апликација и навремено да се подготвиме за развој на апликации.

Сè уште не е познато како би одел процесот на размена на апликации, кога за првите паметни телефони кои се очекува да се појават во октомври, нема да имаат централизиран маркет со апликации. Исто така, апликациите кои ќе бидат развиени за Ubuntu Phone OS ќе може да работат на вашиот Ubuntu PC, телевизор или компјутерски таблет, со што развивачите заштедуваат огромно време за препишување на еден ист код.

Останува уште да почекаме да излезат првите паметни телефони со овој оперативен систем, па и самите да видиме како ќе се покаже и колку навистина сработиле од Canonical.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии