Ubisoft ве наградува со две бесплатни игри

во гејминг

За време на промотивниот период играчите ќе можат бесплатно да си се почестат со World in Conflict и Assassin’s Creed IV Black Flag.

Во пресрет на новогодишното расположение, француското студио Ubisoft слави две големи годишнини. Верувале-или-не, поминаа цели десет години од критички-признатиот стратешки хит, World in Conflict. До 11.декември, сите корисници со uplay акаунт ќе можат бесплатно да ја преземат не само основната игра туку и последователната експанзија, насловена Soviet Assault.

Веднаш по ова, следи одбележувањето на десет години по излегување на првата Assassin’s Creed игра. Од 12.декември до 18.декември, играчите ќе можат бесплатно да ја преземат и играат една од најдобрите игри од серијалот. Assassin’s Creed IV Black Flag се испорачува во основна форма, но е одличен пример за достигнување на точка на совршеност во AC серијалот и најстрого се препорачува на сите оние кои се по пиратскиот живот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments