Убиец објави фотографии од задавената девојка на 4Chan, пред да биде пронајден

Дел од содржини кои се споделуваат на 4Chan се навистина премногу одвратни да се најдат на било кое друго место со нормалниот дел од светот. Доказ за ова е објавата на сликите од убиството на 30 годишната Амбер Коплин кои се појавија на контраверзниот форум. Како сликите да не се доволно да ве шокираат, осомничениот за убиството, Дејвид Калац, објави уште поодвратно објаснување.

„Погледните ги вестите од Порт Орчан, Вашингтон за неколку часови. Нејзиниот син наскоро ќе се врати од училиште. ќе ја пронајде и ќе повика полиција. Само сакав да ги споделам сликите пред да ме пронајдат. Купив воздушна пушка која изгледа доволно реално. Кога ќе ме пронајдат ќе ја искористам и ќе биде самоубиство од полицаецот. Ги разбирам сомневањата. Ама проверете ги ебаните вести, морам да го фрлам телефонот сега“.

Полицијата од Китсап во писмена изјава потврди дека местото на злосторството, жртвата, внатрешноста на куќата и повредите се исти како оние на фотографиите на форумот, јави NBC. Жртвата е поранешна девојка на Дејвид Калац и пред сликите да се појават на 4Chan бил еден од првите осомничени. Сликите се објавени на /b/ делот од 4Chan, за кој веќе долго време е познато дека е место на каде може да се најдат најлошите фотографии и постови, од детска порнографија, до напади и изживување врз деца и живитни, говор на омраза и други одвратни однесувања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии