Новогодишните празници се одлично време за човечност и хуманост. Токму ова беше идејата на четири хрватски градови на чии иницијативи Uber ја започна #UberGIVING. Ова е европска иницијатива, која ја започнаа луѓе од 77 градови во 20 европски држави.
Загреб, Сплит, Задар и Дубровник се градовите кои од Uber ја побараа оваа услуга за Хрватска. Она што сервисот го овозможува е бесплатен превоз на подароци до домовите за деца без родители во овие градови. Компанијата на својот блог ги постави и желбите на децата, за заинтресираните да разгледаат и можеби да донираат посакуван подарок.
„Благодарение на UberGIVING во Хрватска, корисниците ќе добијат можност да им достават подароци на децата во домовите за деца без родители за време на празниците и да им ги направат поубави деновите. Освен ова сакаме да ја заклучиме иницијативата со UberTREES. UberTREES овозможува бесплатна достава на новогодишни елки на барање на корисниците.“