Uber започна да доставува храна и намирници, без наплата

Стартапот кој планира да ги замени такси службите, Uber, ќе започне уште една услуга. Наместо како досега само да пренесува луѓе, со новиот сервис Corner Store корисниците ќе можат да нарачаат намирници кои ќе им бидат доставени во истиот ден. За почеток во време на првите тестови услугата ќе биде ограничена на Вашингтон, вели Uber на својот блог.

Цените на продуктите кои ќе ги разнесува Uber ќе бидат конкурентни со продавниците на главните улици, а нема да има дополнителна наплата за доставата, а како и за превозот, така и намирниците ќе бидат наплатени преку Uber сметката. Доставата е достапна секој ден од 9 до 21 часот, нема минимална нарачка, а може да се нарача се што се продава во маркет или аптека и е присутно на листата на Corner Store.

Uber не се единствена компанија која тестира достава на продукти. Amazon во Калифорнија и Сиетл ја тестира AmazonFresh услугата, која овозможува достава на намирници во денот кога се порачани. Google пак ја нуди Shopping Express, достава на производи од дел од партнерите на компанијата во Њујорк и Лос Анѓелес. Instacart доставува во Конектикат, Атланата, Њујорк и Филаделфија.

Со оглед на тоа дека навистина е огромен бројот на компании кои се интересираат или веќе започнале со достава, се чини дека единствено што треба да се обмисли е начинот на кој ќе се направи монетаризацијата на услугата. Дали ќе биде преку дополнителна наплата за услугата од корисниците или можеби со промоција и рекламирање на дел од компаниите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии