Uber загуби најмалку 1.27 милијарди долари за само шест месеци, но тоа не е важно

Личниот возач за секој, сервисот Uber, во првите шест месеци годинава загуби 1.27 милијарди долари. Кога на ова ќе се додадат каматите, даноците и амортизацијата, загубата ќе биде уште поголема, јави Bloomberg.

Компанијата во секое од тримесечијата во 2016 досега, загуби над 500 милиони долари. Компанијата работи со загуби во сите години од своето основање. Uber сè уште е во фаза на освојување на нови пазари и на зголемување на бројот на корисници; веќе од следниот месец компанијaта започнува со тестирање на автономни возила во Питсбург. Со овој потег во иднина компанијaта ќе ги отстрани најголемите загуби, исплатата на возачите.

Uber одамна не крие дека планот на компанијата e замена на возачите со автономни возила. Кога ова ќе се реализира компанијата без сомневање ќе оперира со профит. Она што го прави компанијата во моментов е опслужување на што е можно повеќе идни клиенти. Со тоа се обидуваат да се изборат со конкурентите за најдобра позиција на пазарот кога автономните возила ќе бидат достапни на улиците.

 „Google работи на автономни возила, Apple работи на автономни возила, Tesla работи на автономни возила, ова сигурно ќе се случи. Единствено прашање како техничка компанија е дали сакате да бидете дел од иднината или ќе се опирате на промената. На повеќе од еден начин, не сакаме да бидеме како сегашните такси преводници, пред да се појави Uber“, вели Тревис Калник.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии