Uber за секс? Еден стартап работи токму на оваа контроверзна идеја

Uber е одличен сервис. Наместо да се возите со таксисти, си одбирате свој приватен возач или делите возило со пријателите, што звучни многу позабавно. Всушност краудсорсинг на желбите на корисниците не е концепт уникатен за Uber, кој стана супер моќна компанија за само пет години, туку се користи и од AirBnb, преку кој корисниците можат да издаваат соби и станови на луѓе од целиот свет.

Но, еден стартап верува дека може да го искористи овој концепт на работи и со секс, поточно со споделување и изнајмување на сексуални услуги. RomancR сака да стане „Uber за секс и романтични врски“, иако компанијата одбива да го рекламира сервисот како ваков. Тоа што стартапот сака да го понуди е корисниците кои имаат профил на RomancR да бидат споени со останатите клиенти на компанијата кои се во близина, во зависност од критериумите (сексуална ориентација, пол, години и слично).

Идејата на RomancR е да им овозможи на дваца клиенти да се договорат за критериумите, и доколку сакаат може да испратат парична „донација“ заедно со пораката. Потоа другиот корисник може да ја одбие пораката, да ја прифати како што е или да се ценка околу виснината на „донацијата“. Доколку двата телефони се во близина најмалку 8 часа, што се мери според тоа дека поминале ноќ заедно, парите од донацијата ќе бидат префрлени на сметката. Конечно корисниците можат да се оценуваат/рангираат во зависност од тоа колку се задоволни. Сервисот ќе биде лансиран до крајат на годината и ветува дека ќе донесе моќ и ефикасност во романтичниот живот.

Интересно, освен основачите и други се согласуваат дека идејата може да успее. Посебно во проституцијата. Forbes пишува дека ваква апликација може да воведе ред во индустријата која се гледа како „црн пазар“, бидејќи проституките можат да бидат уапсени, често има насилство бидејќи индустријата е нелегална и нема како законот да ги одбрани жртвите, и се појавуваат проблеми со плаќање што води кон еден куп други несогласности помеѓу клиентите. „Апликациите можат да ги решат сите овие проблеми“, пишува Адам Оземик во Forbes.

Но, проблемот е што проституцијата не е морална, често е нелегална низ светот, и затоа се ограничува иновацијата во индустријата на која и треба нешто ново.

(Фала до Новица Наков што ни ги прати линковите)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии