Uber ќе доставува сé

Откако започнува со превоз на храна и патници, Uber сега сака да биде избор на корисниците кога е во прашање било каква достава. UberRush објави дека започнуваат со потпишување на договори со локалните трговци за да се понуди пренос на секакви производи од продавниците до корисниците во Сан Франциско, Њујорк и Чикаго. Сервисот ќе доставува од цвеќе до облека, и ќе биде директна конкуренција на неколку слични услуги, како на пример Amazon Prime.

UberRush речиси воопшто не се разликува од основниот сервис на компанијата. Корисникот кој купува некој продукт од партнерите на Uber ќе може да одбере испорака во истиот ден, по што UberRush ќе ги испрати возачите. Ако доставата е блиску ќе може да се нарача и достави велосипед. Купувачот ќе добие линк со локацијата на испораката на мапа на кој може да ја следи својата пратка.

Влезот на Uber во транспортот ќе претставува предизвик и за веќе етаблирани сервиси како UPS или FedEx, но и за новите специализирани стартати, вели Business Insider.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии