Uber отвара канцеларии во Загреб, Белград и Љубљана

Популарниот сервис за персонализиран превозник, Uber, се очекува да наскоро да пристигне и во Хрватска. На четврти мај на конференцијата OMGcommerce 2015 се очекува официјално Uber да го објави својот влез во земјата, вели Netokracija. Uber е присутен во 55 држави и 200 градови, а во регионот покрај Загреб ново претставништво ќе отворат и во Белград, и во Љубљана.

Компанијата е веќе присутна во Букурешт и Софија, и за сега Uber поминува добро во Романија и Бугарија бидејќи нема организирани протести против Uber превозниците. Uber претставува реална опасност за такси возачите и компании, и веќе во повеќето европски и азиски држави беа организирани протести, а во Германија сервисот беше забранет поради легални причини.

Но, Uber е една од најинтересните ИТ компании. Покрај проблемите кои ги има Uber со таксистите, но и со тужби од корисници кои добиле превисоки сметки и лоши услуги, компанијата очекува, заклучно со 2015 година, заработката да достигне 10 милијарди долари. Стартапот се проценува на 40 милијарди долари, а досега од Benchmark, First Round Capital, Goldman Sachs, Menlo Ventures, Google Ventures собраа 2,8 милијарди долари инвестиција за ширење во други пазари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии