Uber наскоро ќе превезува и низ Белград

Популарниот и контроверзен Uber влегува во Србија. Сервисот ја модернизираше такси индустријата со поефикасно плаќање и наоѓање на приватни возачи, но не без да направи непријатели во 300-те градови во кои е присутен. Во Франција неговите црни возила гореа поради гневот што Uber им ја краде работата на таксистите, а Германија го забрани бидејќи не е легален сервис.

Но, на други места, вклучувајќи го и Балканот, корисниците му се радуваат на Uber бидејќи се работи за голема и иновативна компанија. Тие обично го прескокнуваат овој дел од светот. Uber е достапен во Бугарија, од неодамна во Хрватска, и сега во Србија. Дали ќе дојде во Македонија останува да видиме, иако тоа би биле лоши вести за локалните Claxi и Моето Такси кои се обидуваат да го реплицираат концептот на Uber на македонскиот пазар.

Засега Uber не е стартуван во Србија, ниту се знае датумот кога сервисот ќе почне со работа. Но, компанијата објави оглас за генерален менаџер во Белград чии обврски вклучуваат креирање на стратегија за ширење, комуницирање со таксистите, но и расправа со локалните власти и регулаторни комисии. Kако што пишува Startit.rs, и во Србија постои „локален Uber” сервис, CAR:GO, кој е стартуван само пред некој месец и кој сигурно нема да биде среќен што ќе има огромна конкуренција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии