Uber ќе наплаќа ако нивните возачи чекаат подолго од 2 минути

Нема повеќе порано повикување на Uber. Компанијата отсега ќе наплаќа за секоја минута по првите 2, доколку возачот го чека корисникот. Uber јави дека на ваков чекор се одлучиле откако сфатиле дека постојано праќаат нотификации до корисниците дека нивниот Uber превоз е подготвен, вели The Next Web.

Цената за минута чекање е во зависност од градот. Ова е само една од промените кои сега се достапни на апликацијата, а најголем дел се насочени да ги заштитат возачите. Така сега возачите можат да одберат да возат единствено патници кои се по пат накај дома, возачите можат да направат пауза за да одморат, а компанијата сега има и платежна картичка за своите возачи. Добри вести има и за возачите кои го користат Uber и како патници, 15 отсто попуст за секои 10 завршени возења и 50 отсто попуст на возењата на UberBLACK за секои 20 возења.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии