Uber ќе победи бидејќи има пари, моќ и популарност

Иако во Париз се палат возила на Uber од гневни таксисти, тоа што е сигурно е дека овој сервис за превозници на крај ќе победи. Како? Бидејќи има искуство со гневни луѓе кои го мразат сервисот. Умешноста во преговарањето, финансиите, политичката моќ и лобирање, како и популарноста кај корисниците се дел од средствата кои ги користи Uber кога сака да се прошири во други градови. Влегувањето во Портланд кој долго време не дозволуваше влез на превозникот Uber е можеби најдобар пример за начинот на кој оперираат, вели Bloomberg.

За влез во Портланд, компанијата го користи талентот за преговори и политичките врски на Дајвид Плуфе кој ја организираше и кампањата на претседателот на САД, Барак Обама. Г. Плуфе е најодговорен за маршот на 75.000 подржувачи на г. Обама во 2008 година во Портланд. Токму тој преговараше со градоначалникот Чарли Хејлс неколкупати и е можеби и најодговорен за влезот на компанијата во овој град. Кога во 2013 година Uber првпат се обиде да влезе во Портланд, компанијата сакаше да ја воведе елитната услуга Uber Black. Но, согласно законите, кои предвидуваат транспортот со шофер да мора да биде закажан најмалку еден час однапред, не можеше легално да оперира во градот. Компанијата се прилагоди и наместо превоз на патници, понуди еднондевна промоција на транспорт на сладолед на територијата на Портланд. Иако на градското собрание не му се допадна промоцијата, жителите на Портланд го засакаа сервисот, па започнаа петиција која бараше промена на законот. Петицијата доби 1.700 поддржувачи од Портланд, но поважно локалните бизнис лидери испратија писма за поддршка до градските власти.

Сепак ова не беше доволно, па Uber започна да го заобиколува Портланд, стана достапен во непосредна близина во Ванкувер, и на својот блог објавија порака: „Еј Портланд, ние сме преку реката, наскоро започнаа да оперираат во целата околина на градот освен во самиот град“. Компанијата повторно организираше петиција и овојпат 7.000 жители го подржаа влезот на Uber во градот.

Кога компанијата започна да ја нуди својата услуга надвор од законот, градот започна судски процес во кој Uber требаше да плати 67.750 долари. Случајот започна дискусии на друштвените медиуми, каде не помина долго и градоначалникот да добие повик од Марк Винер, кој важи за највлијателен консултант за политичарите. Како резултат на преговорите Uber ќе прекине со услугата во Портланд, а градот ќе го замрзне судскиот спор и ќе го усогласи законот за Uber да може да започне да вози за неколку месеци. Како резултат на договорот Uber започна 120 дневен тест период во Портланд. Таксистите во Портланд протестираа, започна и дебата во градското собрание. Но длабоките џебови на Uber значеа дека ниту еден такси превозник не можеше да го дочека ниту крајот на судскиот спор.

Не треба да се заборави декa Uber плаќаше неколку стотици илјади долари на лобисти и други политички фигури кои помогнаа да се сменат законите. Конечно на 29 април 2015 година Uber започна со најавениот тест период, а примерот со Портланд се повтори во повеќе градови каде компанијата троши куп пари за лобирање, а договорите со градовите достигаат до 945.000 долари. Минатата година само во Мериленд и Калифорнија Uber потроши 208.000, односно 684.000 долари на промоција, пишува Bloomberg.

1 коментар на “Uber ќе победи бидејќи има пари, моќ и популарност

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии