Uber ја стартува UberEATS како прва самостојна апликација за достава на храна

Image courtesy of UberEATS

Taкси превозникот Uber стартува посебна апликација за својата нова услуга UberEATS, која беше најавена уште летово. Доставата на храна најпрво ќе биде достапна во Торонто, Канада, а главна причина за локацијата е големиот интерес од корисниците од овој град, вели Wired. Можноста за достава на храна и досега постоеше, но корисниците требаше да нарачуваат преку апликацијата за превоз. UberEATS е првиот сервис на компанијата кој има самостојна апликација, првин за iOS, подоцна и за Android.

UberEatsApp-crop-grey

Uber ветува дека ќе доставува храна во рок од десетина минути. Се чини дека посебната услуга беше најавена од основачот на Uber, Тревис Каланик, на шоуто на Стивен Колберт, кога беа дискутирани поплаките од корисниците за мирисот на храна што го има во некое од таксињата. Очигледното решение е да се оддели храната и да биде побрзо доставувана. Сервисот засега ќе доставува мал број на нарачки за да може да ги достави побрзо, околу пет, но се сомневаат дека времето потребно за поголема испорака може да биде до 30-36 минути. Засега сервисот започнува единствено во Торонто, но по завршување на тестирањето, ќе биде префрлен и во останатите градови каде е достапен UberEATS како дел на стандардната апликација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии