Uber и Lyft очекуваат иднина со автономни такси возила

Uber и Lyft се двете компании кои отворија огромен потенцијал на пазарот на автономни возила, дури и доколку корисниците нема да ги купуваат. Lyft склопи договор со General Motors вреден 500 милиони долари за развој на on-demand мрежа за возила, а Uber веќе има договор за купување на првите 500.000 автономни автомобили од Tesla Motors.

Можеби најинтересно прашање на кое ќе добиеме одговор наскоро, е дали компаниите кои се рекламираат како „личен шофер за секој“ се доволно disruptive да го редефинираат не само такси превозот, туку и целиот концепт на поседување на автомобил. Дали во иднина наместо сите обврски кои доаѓаат со возилата, корисниците ќе се одлучат едноставно да го повикаат возилото, како што сега се прави со такси превоз или сепак ќе сакаат да задржат сопственост врз возилата?

Неодамна Tesla објави дека нивните возила до 2018 година, ќе можат самостојно да возат низ целата територија на САД и да го соберат патниците. Возилата веќе самостојно можат да отворат гаража, да влезат, да паркираат, да ја затворат гаражата и да се исклучат. Но дали навистина автомобилите ќе мораат да паркираат во гаражите на сопствениците или можеби ќе можат да бидат испраќани од некој центар секаде кај што се потребни? Без сомневање во иднина ќе бидеме сведоци на „vehicle-on-demand“ сервиси, но поседувањето на возила најверојатнo никогаш нема да исчезне во целост.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии