Uber е забранет во Шпанија и Тајланд поради гневните таксисти

Uber нема да може да ги превезува патниците во Мадрид, Барселона или Банког. Ова стана јасно по одлуката на властите во Шпанија и Тајланд да ги забранат услугите на стартапот во своите држави. Одлуката доаѓа по гневот на таксисти кои оперираат во овие држави и треба да платат лиценци за такси возила и осигурување.

Ова за жал не е крај на проблемите на Uber кој повеќе не е добредојден во Делхи, а поради жалби до полицијата се подготвуваат тужби во Портланд и Рио дe Жанеиро каде возилата за сега се во мирување, јави Gigaom.

Барем за сега поголем проблем за Uber ќе бидат жалбите за корисниците од САД кои се гневни на високите цени на превозот во периодите на поголема побарувачка за возила. Така жена од Балтимор требаше да плати 362 долари за 20-минутно возење по градот, а корисник од Денвер 25-минутниот превоз го чинише 539 долари. Ова е поради повисокоте цени кои ги наплаќа Uber во најпрометните денови во годината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии