uArm е минијатурен индустриски робот кој може да го имате на работната маса

uArm е робот креиран од ентузијасти и уште еден успешен проект кој стартува со краудфандинг поддршка од Kickstarter. Идејата зад проектот е студентите и ентузијастите да имаат евтина алатка со која ќе можат да започнат свое изучување на роботиката, велат Еван Денг, Алер Гу, Лоеве Ли и Ерик Вонг, креаторите на роботската рака. Стартер пакетот чини 185 долари, а доаѓа со сите делови потребни за составување на роботот, со што хобистите би добиле робот кој ќе можат да си го дозволат. Креаторите на uArm велат дека ќе започнат со испорачување на роботот само два месеци по затворањето на Kickstarter проектот кој завршува на 6 март.

Главата на роботот е оставена целосно во избор на корисниците, па може да биде светилка, рака, додаток за фиксирање компресот кој може да придржува полесни предмети и слично. Се разбира роботот доаѓа со апликации за повеќе оперативни системи, така корисниците на Windows ќе можат да управуваат со него преку глувчето или тастатурата, а веќе се во изработка iOS и Android апликации со кој роботот ќе се управува преку Bluetooth.

Kickstarter проектот го поддржаа 1.023 луѓе кои донираа 199 илјади долари, иако за остварување на проектот беа потребни само 5.000 долари. Се чини дека примамливата цена, но пред се искуството кое го има тимот им помогна на заинтересираните за инвестираат во uArm. Петмината членови на тимот зад себе имаат низа завршени роботи и подолга кариера во областа.

[youtube]aJrsQIMTPBc[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии