Уапсени се десетина Anonymous членови осомничени за напад врз PayPal

Полицијата во САД, Британија и Холандија уапси над 20 луѓе кои се осомничени дека како дел од Anonymous групата го нападнале сајтот на PayPal во декември. Осомничените се обвинети за онлајн напад. Неколкумина од десетината уапсени се тинејџери под 18 години.

Минатата година интернет активистите Anonymous ги нападнаа PayPal, MasterCard и Visa срушувајќи ги со DDoS напади. Овие напади се дизајнирани да искористат мрежа од компјутери да комуницира со сајт преплавувајќи го со барања што резултира во негово срушување. Anonymous наведe дека тие напади се одмазда за блокирање на сметките на Wikileaks за примање донации. Ова се случи набргу откако контроверзните Wikileaks објави стотина илјадници доверливи дипломатски документи.

Еден од попознатите Anonymous членови Sabu со твит потврди дека уапсените се навистина дел од групата.

Dedicate sometime today to the fallen Anons who were arrested today. Reach out to them. Provide them support. Call EFF for them. #antisecless than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии