Интерпол уапси 25 лица поврзани со Anonymous

Интерпол вели дека апсењето на 25 лица кои се осомничени за пробивање на сајтови, се дел од „операцијата Unmask“. Oперацијата е стартувана во февруари и во соработка со властите од Аргентина, Чиле, Колумбија и Шпанија. Веднаш по апсењата, Anonymous го срушија за кратко сајтот на Interol.

Уапсените лица, oд 17 до 40 години, се осомничени дека се дел од хакерската група Anonymous кои се поврзани со пробивање на сајтот на Министерството за одбрана на Колумбија, сајтот на чилеанската компанија за електродистрибуција Endesa и бројни сајтови на шпански политички партии, меѓу другите.

Интерпол заплени вкупно 250 парчиња мобилни телефони и компјутерска опрема од уапсените од 40 места низ 15 градови. Запленети се и кредитни картички и кеш. Некои од уапсените се пуштени на кауција, вклучувајќи ги и малолентните, додека другите остануваат во притвор.

„Оваа операција покажува дека криминалот во виртуелниот свет има вистински последици за тие кои се вклучени во него, и дека Интернетот не може да биде безбедно собиралиште за криминална активност, без врска од каде доаѓа и кого таргетира.“, вели директорот на Интерпол, Бернд Росбах, во официјалното соопштените.

Според Huffington Post кој разговарал со шпански активисти, многумина од уапсените хакери се дел од хакерска група Sector404, а дел се активисти кои земале учество во DDoS напад. Според активистите, хакерите биле фатени поради „шпиони и инфилтрации внатре во движењето“. Дополнително, уапсените биле невнимателни оставајќи траги зад своите дела.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии