TypingDNA – двојна авторизација со начинот на кој пишуваме

TypingDNA е технологија која со помош на вештачка интелигенција го препознава начинот на пишувањето на тастатура на корисниците и со ова го потврдува идентитетот на корисникот. Технологијата е алтернативно решение на постоечката двојната авторизација и треба да го поедностави потврдувањето на идентитетот за корисниците. Дополнително авторизацијата на овој начин е и поевтина од стандардната авторизација по SMS.

TypingDNA е основан 2016 во Романија од Адријан Геара, Кристијан Тамас и Раул Попа. На почетокот на минатата година успеаја во „Series A“-инвестициски циклус предводен од Gradient Ventures, Techstars Ventures и Gapminder да соберат 6,2 милиони евра.

Стартапот го користи пишувањето на тастатура како биометриски податок за доказ на идентитет. За креирање на биометрискиот отпечаток клучни се два параметри, колку време му е потребно на корисникот од една до друга буква, и колку време го држи копчето притиснато. Врз база на овие параметри TypingDNA креира идентификатор на корисникот кој потоа се користи наместо SMS-пораките или мејловите за двојна авторизација.

TypingDNA има два начина за користење. Првиот е преку API кој овозможува интеграција на системот со платформата која се користи, и корисникот тука не може многу да влијае. Вториот е преку екстензија за Chrome која може да се користи за: AWS, Bitbucket, Coinbase, Facebook, GitHub, Google и Gmail, Twitter, но и Fortnite. Недостаток на екстензијата е што за секоја различна платформа има различни нагодувања кои треба да се направат, што често не е наједноставно.

Најголема предност на технологијата е едноставноста за користење. Нема никаква потреба од дополнителни уреди, пораки и електронска пошта за докажување на идентитетот. Во моментов TypingDNA има максимална доверливост од 0,1 или на секој 1000 обиди 1 е лажно позитивен. Сепак креаторите велат дека секакво, па и најмало отстапување од „снимените“ податоци се отфрла. Поради ова, промена на вообичаената положба на пишување, или промена во брзината, нема да дозволи позитивна авторизација. Во ваков случај системот ќе побара од корисникот повторно да се авторизира.

Сепак SMS-пораките не се сосем отстранети. TypingDNA ги користи при регистрација, но и кога корисникот нема да успее да ја помине авторизацијата или ако сака во целост да ја прескокне авторизација. Причината за ова веројатно е што промена на тастатурата би можела да го „заклучи“ корисникот кој се обидува да се логира, па вака со дополнителен начин за доказ на идентитет промената ќе биде безболна.

1 коментар на “TypingDNA – двојна авторизација со начинот на кој пишуваме

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии