Type to Design e ќе ви помогне да напишете креативни и откачени пораки

Type to Design е интересен сервис кој ќе ви помогне во креирањето на покреативни пораки преку најразлични илустрации и фонтови, дури и ако не сте талентирани за дизајн. Сервисот овозможува креирање на пораки со различен фонт, иако „фонт“ треба да го сфатите прилично либерално. Сервисот за секоја буква има куп најразлични слики кои изгледа дека се прикажуваат по сличаен избор, што ја прави секоја порака уникатна. Type to Design е инспириран од 36 Days of Type, натпревар во кој дизајнери, илустратори и графичари се предизвикани секој ден да креираат буква или број. По креирањето на пораката корисникот може да промени некоја од буквите со „refresh“.

Сервисот можеби нема да ви проработи од прв пат, но ќе функционира по неколку обиди. Пораката има лимит од 34 карактери, а готовата порака да се сподели на социјалните мрежи или да се симне во .pdf формат за да може да си ја испринтате и закачите на ѕид како слика. Тоа сепак не е лоша идеја.

weirdletters

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии