За корисниците ова се одлични вести, со „зачувување на интегритетот на стримот со пораки“ се трга стравот дека ќе бидат поплавени со твитови-реклами. Компаниите и индивидуалци ќе можат да твитаат реклами во својот фид, но забрането е да се користи Twitter API за да се нарушува фидот. Пример за бизнисите како Ad.ly ова се лоши вести.

Целта на Twitter e да го задржи искуството на корисниците, велејќи дека вметнувањето реклами како твитови не е иновативно. Но во блог постот се наведува дека треба „да се запамти дека Twitter ги сноси трошоците за одржување на мрежата, трошоци за корисничка подршка, унапредување на сервисот…“

Twitter неодамна најави дека ќе стартува премиум профили за бизниси, а од пред некое време ги стартуваше Promoted Tweets, твитови-реклами кои е појавуваат во пребарувањата. Бидејќи се дозволува реклами околу твитер фидот, Twitter и другите апликации ќе можат да профитираат со продавање реклами во клиентите. Но и тука Twitter станува сериозна конкуренцијата стартувајќи популарни клиенти за мобилни телефони. Пример, Twitter пред еден месец го купи Tweetie, клиент за сервисот за iPhone,што стана официјален клиент на сервисот.

Покрај тоа Twitter во својата полиса додаде дека „Во случај каде Twitter содржината е основа за продажба на реклами, бараме компензација. Пример, ако продавате спонзорство и брендирање околу гаџети или ифрејмови што вклучуваат твитови и други персонализирани визуализации на Twitter.“

На кратко, Twitter само што го откри својот бизнис модел.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии