Twitter за прв пат во историјата забележа заработка

Twitter објави дека за прв пат во своето постоење забележа заработка во некој квартал. „Четвртото тримесечје беше силен финиш на годината“, вели Џек Дорси. Профитот во последните три месеци на 2017 година е 91 милион долари.

Со оглед на тоа колку долго постои микро блогот, речиси е неверојатно дека првото тримесечје со заработка го забележува сега. Сепак, дури ниту контроверзиите за влијанието на друштвените мрежи на изборите во САД не ги спречија акциите на Twitter да растат. По објавувањето на веста за профитаблно тримесечје акциите скокнаа 20%.

Она што е интересно е дека бројот на корисници на Twitter стагнира последниов период. Сепак 330 милиони корисници и не се незначајна бројка. Друштвената мрежа го освои она што може да се освои од пазарот во САД, вели Recode. Слично како и од некои други компании и Twitter најголем дел од заработката ја забележува во САД. Иако се само 68 милиони корисници, на овиие корисници отпаѓа половина од приходите за маркетинг.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии