Twitter во живо ќе ги пренесува претседателските дебати во САД

Twitter продолжува со пронаоѓање на нови начини да пласира содржина. Откако минатата недела за првпат пренесуваше натпревар во американски фудбал, сега имаат нов договор за пренос на претседателските дебати.

Новата содржина е дел од новото партнерство на Twitter и Bloomberg, а двете компании ќе ја поделат заработката од рекламите. Првата дебата е веќе во понеделник. На корисниците нема да им биде потребен ниту Twitter профил за гледање на стримот. Сепак од микро-блогот се надеваат дека дел од корисниците ќе продолжат да ја посетуваат платформата и по завршувањето на дебатите.

Дебатите ќе бидат достапни во целиот свет преку debates.twitter.com и преку апликацијата на микро-блогот. Коментарите и анализата на дебатата ќе бидат дел на Bloomberg.

Претседателските дебати ќе бидат пренесувани и на Facebook, а и дебатата ќе биде пренесувана и на Bloomberg.com, Apple TV, Amazon Fire TV, Android TV и Roku, пренесува Recode.

Интересот на друштвените мрежи за претседателските дебати не е изненадување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии