Twitter во 2016-та ќе остварува приход од 1,2 милијарди долари

Според SharesPost, компанија за истражување на онлајн пазарот, Twitter во 2016 година би можел да има приход од 1,2 милијарди долари, иако бизнис моделот е експериментален и сè уште е во почетна фаза.

На Twitter му требаше долго време пред да открие бизнис модел кој би донел финансиска добивка. Моменталниот тој бизнс модел сè уште е во развојна фаза, и според аналитичарите од SharesPost на друштвената мрежа ќе и треба минимум уште година или две пред целосно да може да ги искористи сите можности кои ги нуди платформата за финансиска добивка.

Тwitter постои од 2007 година, а дури минатата година започна со промовирање на различни начини како би можеле да го зголемат финансискиот приход. Twitter заработува така што продава промовирани твитови, промовирани твитер профили, промовирани трендови, кои се појавуваат во пребарувањето и меѓу другите твитови, односно трендови, како и пристап до нивната база на податоци. Неодамна Тwitter го продолжи договорот со Microsoft за во Bing да се појавуваат твитови како резултати. Google пак одби да ја продолжи соработката со Twitter, најверојатно поради идејата дека Google+ ќе може да ги генерира истите резултати. Нов начин на приход кој допрва треба да биде лансиран е политичкиот маркетинг.

Според SharesPost, приходот на Twitter значително ќе порасне откако можноста за промовирање производи ќе биде целосно оперативна. Се проценува дека Twitter во 2011 година ќе оствари приход од 166 милиони долари, додека во извештајот стои дека наредната година приходот ќе се искачи на 329 милиони долари, додека до 2013-та годишниот приход ќе порасне на 500 милиони долари, надминувајќи една милијарда во 2016-та.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии