Twitter ќе ѝ посвети поголемо внимание на виртуелната реалност во следниве неколку години. Компанијата го ангажираше Алесандро Сабатели од Apple за директор на одделот за проширена и виртуелна реалност, јави Uploadvr. Г. Сабатели најверојатно ќе треба на друштвената мрежа да ѝ помогне со создавање на кориснички интерфејс кој ќе ја подготви платформата за напредок во виртуелната реалност. Токму ова беа неговите претходни задолженија за iOS, OS X и Watch OS. По заминувањето од Apple, г.Сабатели ја креираше компанијата IXOMOXI со која ја креираше Lucy апликација за Gear VR.

Она што ќе треба да го имплементира г. Сабатели и во Twitter, се базира на неколку патенти кои му се доделени, првиот е „контекстуален кориснички интерфејс“, а вториот „систем за нотификации базиран на локацијата“. Овие патенти сега се во сопственост на Apple, но без сомневање овие две технологии се дел од причините поради кои сега е во Apple. Во Twitter тој им се приклучува на Magic Pony, стартап кој работи на вeштачка интелигенција, и од неодамна е дел од Twitter.

Виртуелната и проширената реалност не се единствените области на интерес за Twitter. Компанијата неодамна интегрираше „виртуелни налепници“ кои корисникот ќе може да ги прилепи на фотографиите кои ги споделува. Она што е различно ќе биде можноста овие налепници да се пребаруваат како хаштаговите. Иако налепниците доаѓаат доцна на Twitter сепак доаѓаат во вистинско време, па корисниците ќе можат да ги додадат на своите фотографии од летниот одмор.

twitter_stickers_create

1 коментар на “Twitter влегува во проширената и виртуелна реалност

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии