Тwitter верификувани профили и на Балканот, први се на Новак Ѓоковиќ и Panten и Pampers во Хрватска

Twitter започна официјално да ги верификува профилите и на познати личности и компании од регионот. Верификувањето т.е. означување на профилите со мало знакче е потребно за да се разликуваат официјалните профили од лажните кои ги има во изобилие на мрежата.

Во моментов верификуваните профили од регионов се ретки. Тенисерот Новак Ѓоковиќ има верификуван профил, како и хрватските Panten и Pampers, кои се брендови на Procter & Gamble.

Верификувањето на профили во моментов е затворено за јавноста. Но, хрватскиот блог Netokracija, во разговор со P&G, дознава дека овие профили имаат официјални верификации благодарение на глобалниот достиг на Proctor & Gamble кои имаат директен контакт со профил менаџерите на Twitter. P&G има дигитален тим кој планира глобални бренд стратегии во соработка која подоцна се локализира за да одговараат на потребните на специфичните пазари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии