Twitter тестира опција за твитови кои се блиску до вас

Twitter повторно ја тестира функцијата со која ќе можете да следите твитови од корисници кои се блиску до вас, без врска дали сте пријатели со нив. Функцијата засега е наречена Nearby и веќе се појавува на дело од телефоните кај корисниците кои дозволуваат споделување на локација, јави Wall Street Journal. Со Nearby корисниците ќе можат да видат пулсирачка сина точка над локацијата на корисникот, а на долната половина ќе можат да се видат локациите од кои неодамна биле споделувани твитови.

Ова не е прво воведување на споделување на локациите на Twitter, но оваа опција доаѓа како исклучена. Сепак Twitter најверојатно размислува за додавање на реклами кои би се појавувале кога ќе бидете во близина на клиентите кои огласуваат преку микро блог платформата. Можеби идејата нема да им се допадне на сите корисници, но сепак Twitter во минатото покажа дека кога се рекламите во прашање се снаоѓа далеку подобро од конкурентите.