Twitter стартува профили за брендови

Twitter претстави нов редизајниран интерфејс и за прв пат претстави нови профили кои компаниите ќе можат да си ги брендираат, и кои по функционалноста и по изгледот потсетуваат на Facebook фан страните.

Всушност целиот редизајн на Twitter наведува дека оваа друштвена мрежа за твитање во 140 знаци размислува да стане сериозен конкурент на Facebook. Според Тwitter, новиот редизајн е само рамка околу која ќе се гради.

До сега кога корисник ќе ги посетеше профилите на брендовите ќе види само листа на последните твитови. Бидејќи твитовите се прикажуваат во корисничкиот стрим, не беше потребно да се посетуваат тие профили. Но, сега се отвора шанса за бреновите да ги привлечат корисниците да ги посетуваат нивните профили кои ќе бидат брендирани и кои ќе понудат преглед на важни твитови.

„Сега, вашата профил страна прикажува повеќе за да може да ги импресионирате корисниците, со поголема воведна (header) слика за прикажување на логото, таг или друг визален ефект.“, објаснува Twitter на својот блог.

Компаниите ќе можат да целосно да ги брендираат страните, да ја променат позадината и бојата на профилите, и ќе можат да контролираат кој твит ќе биде истакнат прв за да го забележат корисниците кои ќе го посетат профилот. Тој Promoted Tweet автоматски ќе се прикажува истакнат на страната за да може веднаш да се забележи сликата или видеото. Од страна се сместени разни информации за брендот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии