Twitter стана посериозен за заканите по живот од тролови

Twitter најави дека ќе им помага на корисниците кои чувствуваат дека се во реална опасност поради заканите кои ги добиваат од онлајн троловите. Со новата функција корисниците сега можат да ги препратат пораките до полицијата.

По пријавата на пораката, однасно твитот со закани, корисникот има можност да испрати и порака преку имејл. Ова автоматски креира пошта со твитот и неговото URL, но и податоците на корисникот кој го добил твитот.

„Ги третираме сите закани за насилство како крајно сериозни и ќе ги суспендираме сите одговорни профили кога е вакво нешто е пригодно, сепак препорачуваме да ги контактирате органите за спроведување на законите доколку сте загрижени за вашата безбедност“, велат од Twitter.

Новата функција доаѓа во период кога и самите основачи на Twitter се под закана на ISIS. Неодамна основачот на Twitter, Џек Дорси, беше цел на закани на подржувачите на ISIS, кои му испратија смртни закани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии