Тwitter славата не вреди, вели дечкото кој е следен од Канје Вест

„Интересното нешто е што мене ми се допаѓа неговата музика, но не сум му најголемиот обожавател.“ вели 19 годишниот Стивен Холмс кој привлече над 3.000 следбеници бидејќи е следен од раперот.

Во интервју за Coventry Telegraph Стивен вели дека постојано добивал линкови до демо од песни бидејќи твитерџиите претпоставувале дека се познава со Канје Вест.

Претходно, тој му се обратил на Вест коментирајќи му за дијамантските заби и потоа приметил дека раперот го следи.

„Си помислив „о боже!“, но 20 секунди подоцна имав 20 пораки од луѓе кои не ги ни познавам и мојот телефон не престануваше да ѕвони.“ вели Стивен.

„Ова е опсесија со популарната култура. Работата е што јас не сум заинтересиран во тоа, но судејќи по коментарите и пораките кои ги добив во последниве неколку дена, другите луѓе размислуваат така.

Facebook ми беше досаден и ми се допадна Twitter бидејќи е едноставен и можам да кажам што сакам. Но сега тоа се смени.“ вели тој.

Во еден од последните твитови Стивен пишува дека „не секој сака да биде познат.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии