Twitter сега ви сугерира пријатели

„Алгоритмот на оваа опција, изграден од нашиот тим за корисничко искуство, сугерира луѓе кои не ги следите а кои можат да ви бидат интересни. Сугестиите се базирани на неколку фактори вклучувајќи и луѓе кои ги следите и тие што ве следат.“ Тwitter ја претставува опцијата која е одлична и неопходна алатка пред се за новите корисници.

Неколку сугестии ќе најдете на Who to follow десно од фидот на вашиот Twitter профил, под профил сликата. Додека за повеќе сугестии ќе треба да кликнете на Find People (горе во менито) и потоа на Suggestions for You менито и ќе добиете неколку сугестии. Пример, мене Twitter ми сугерира да пратам неколку нови македонски корисници, но и Бил Гејтс.

Доколку не ви се допадне некоја сугестија кликнете на Hide и тој корисник нема да ви се појави повторно.

1 коментар на “Twitter сега ви сугерира пријатели

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии