Twitter сака да ви прикажува твитови од твитерџии кои се блиску до вас

Twitter работи на опција да ви сугерира твитови и твитерџии според тоа каде се наоѓате. Целта е да ви прикаже што се случува околу вас, според локацијата каде се наоѓате. Разни извори за All Things Digital велат дека Twitter веќе ја тестира опцијата која била склопена на неодамнешен хакатон во компанијата.

Со опцијата Twitter ќе ви прикажува твитови од корисници кои се најблиску до вас, без врска дали вие ги следите или не. Пример, ќе ви покаже твитови за сообраќајка на крајот на улицата на која сте, ќе ви покаже твитови дека поштата гори и улиците се блокирани, или ќе ви покаже каде има попусти или забави блиску до вас. Посебно значење ќе им се дава на локалните трендови и хаштагови со цел да се вклучите во дискусијата или да знаете дека нешто значајно се случува. Корисниците ги користат хаштаговите за да означат дискусија, протест или било која друга активност. Но, бидејќи Twitter е преплавен со хаштагови, малку е тешко да ги следите тие што се важни за вас, посебно тие што се за активности кои се случуваат само десетици метри од вас.

Во моментот не се знае дали Twitter ќе ги пласира овие локални твитови директно во фидот за вести, или пак ќе ги претстави преку посебен таб на сајтот или на мобилната апликација. Би било штета да бидат одделени од фидот бидејќи корисничкото внимание е на стотиците твитоови кои ги чита секој ден, па лесно е да се заборави дека Twitter има и други табови и други интересни опции. Тwitter веќе ја следи вашата локација за да ви сугерира локални твитерџии да следите, и поважно, да ви сервира локални реклами, па опцијата не би била проблем да се имплементира брзо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии