Twitter сака да пренесува уште спорт; NBA и MLS се следни

Twitter се обидува да влезе во поактивно партнерство со телевизиите, и да ги привлече гледачите кои твитаат додека гледаат телевизија. Планот е да стримаат повеќе професионални спортови преку својата платформа. Twitter веќе има договор за пренос за натпреварите во американски фудбал организирани под покровителство на NFL. Но, сега преговара со NBA, MLS и кабловската мрежа Turner како можни следни партнери за пренос на спортски натпревари.

Засега стримовите на Twitter не содржат цели натпревари, туку делови од натпревар и анализата по натпреварите. За правата на целите натпревари се потребни многу пари, и претплата на корисници, нешто што му недостасува на Twitter. Без претплата финансирањето на стримовите за овие настани ќе биде прескапо, вели Recode.

Недостатокот од втор извор на финансирање претставува голем проблем за Twitter, кој не се снаоѓа најдобро со генерирање приходи од реклами. Поради можноста за претплата Amazon и Netflix се поверојатни и природни партнери за поранешниот сопственик нa NBA и NHL, Тед Леонсис. Г. Леонсис наесен ќе стартува спортска мрежа, која најверојатно ќе биде пренесувана на Amazon Prime. Twitter пак најверојатно ќе продолжи со преноси од настаните пред и по натпреварите, експертски анализи и најдобрите моменти од натпреварите. Следно за Twitter се натпреварите во американски фудбал, а Twitter има права за пренос на десет натпревари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии