Twitter реклами за сите! Рекламите ќе се прикажуваат во ембедирани твитови

Twitter тестира прикажување на реклами дури и на луѓето кои не се корисници на друштвената мрежа. Станува збор за ембедирани твитови кои се споделуваат на останатите сајтови. Ова ќе биде нов начин и за монетаризирање на апликациите, вели Моли Вандор од Twitter.

Веќе се направени прилагодувања на платформата, па твитовите ќе може да бидат прикажувани во апликациите. Станува збор за апликации кои го користат Twitter за комуникација (social feed) и тие ќе можат да ја користат платформата за монетизација. Девелоперите на апликациите треба да го интегрираат Twitter Kit и MoPub. Засега прикажувањето на реклами во ембедираните твитови е во тест фаза, па истите ќе бидат прикажани единствено во апликациите кои користат Twitter Kit. Овие рекламни твитови речиси и не се разликуваат од рекламите кои се покажуваат во Twitter апликацијата, па најголем дел од корисниците на микроблогот се веќе навикнати.

ezgif-214190950

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии