Тwitter претстави нов редизајн, се повеќе наликува на Facebook

Заедно со новиот редизајниран интерфејс, Twitter го претстави новиот кориснички профил и новиот профил за брендовите, две новини со кои сега се повеќе наликува на Facebook. Новиот Twitter ќе стартува за сите корисници во следниве неколку недели, но веднаш се достапни новите мобилни верзии за Android и iPhone. Нов изглед доби и почетната страна twitter.com.

„Ова што го најавуваме денес е само почетокот. Сега имаме рамка околу која ќе градиме брзо со цел да им помогнеме на корисниците да се поврзат со тоа што им е важно.“, вели Twitter.

  • @Home

Прво, корисничките профили се превртени целосно. Home страната сега ги прикажува твитовите десно каде што се наоѓаа корисничките информации за пријателите и трендовите кои сега се лево. Тоа што е подобро сега е што, освен подобриот изглед, сега многу полесно може да се прегледуваат линковите, односно сликите и видеата кои се вметнати во твитовите.

  • @Connect

Наместо два таба за активности и пораки, сега новат @Connect опцијата ќе ги чува сите интеракции со другите твитерџии, односно @спомнувања и директните пораки. Тука ќе ги најдете и сите ретвитувања и кои ваши твитови другите ги одбележале како омилени.

[youtube]0qqDy5BmYKE[/youtube]

  • #Discover

Овој таб ќе ги прикажува трендовите и приказните кои се базирани на вашите поврзувања, пријателства, локација, јазик и интереси. Има опција Browse categories која ќе листа разни интереси, односно луѓе кои се врзани со некој интерес, пример, Шекил О’Нил е врзан со спортот. Доколку следите повеќе спортисти тоа ќе му каже на Twitter што ве интересира и ќе ви таргетира таква содржина.

Овој таб ќе функционира и како пребарувач на #хаш-тагови, односно ќе ги прикажува сите важни информации врзани со одреден тренд. Тука ќе биде сместен и табот @Activity што прикажува информации за кој ве следи, за листи и ретвитови. Ќе има и таб Who to Follow за наоѓање нови луѓе, опција Find Friends за пребарување пријатели.

Сепак, малку сум скептик дека овие интереси според локација и јазик ќе функционираат како што треба за македонските корисници. Twitter ќе мора да се потруди поубаво да ги разликува различните кирилични јазици, пример рускиот и македонскиот за да прикаже релевантна содржина која не е само локална, туку и која ќе е врзана со светските трендови.

  • Speak Up

На Twitter профилите е додадено ново копче со интересен дизајн на перо за пишување. Преку ова копче ќе може да се закачува видео и фотографии, да се твита и да се отвори разговор со друг твитерџија во форма на @споменуваење и директни пораки.

Повеќе за новиот Twitter ќе најдете на fly.twitter.com

1 коментар на “Тwitter претстави нов редизајн, се повеќе наликува на Facebook

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии