Twitter претстави нов начин на следење на дискусиите и твитовите околу нив

Додека во текот на вчерашниот ден голем дел од корисниците имаа проблеми со веб верзијата на Twitter и се жалеа за истото, Twitter во позадина работеше на новиот изглед на кој се прикажуваат дискусиите помеѓу корисниците. Дополнително, направени се промени и во iOS и Android апликациите.

Со новата промена, според Twitter, би требало многу полесно да се следат целите дискусии кои се одвиваат на корисничкиот тајмлајн. Стандардно се прикажуваат одговорите од сите луѓе што вие ги следите, додека доколку сакате да ги видите одговорите и од корисниците што не ги следите, ќе морате да кликнете на „x more replies“ веднаш под првиот твит.

Што се однесува до мобилната апликација, корисниците на iOS ќе може твитовите да ги споделуваат преку мејл, а на Android истите ќе може да бидат споделувани и во директните пораки.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=BnRmayAuB4M[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии