Тwitter предупреди некои корисници дека се мета на напад спонзориран од држава

Twitter предупреди мал дел од своите корисници дека се цел на напад кој е спонзориран од неименувана држава. Цел на нападот и информации до кои се обидуваат да дојдат напаѓачите се имејл и IP адреси, телефонски броеви, и кориснички имиња, јави Motherboard.

Таргетирани се профили поврзани со компјутерска безбедност, иако најголем дел од корисниците кои ја добиле пораката не се безбедносни експерти, туку имаат само некаква допирна точка. Сопствениците на дел од нападнатите профили сметаат дека се цел на напад поради поврзаноста со Tor. „Колин Чајлд, еден од нашите основачи и директор на Coldhak, е соработник на TorProject и најверојатно е од интерес. Но можеби е и поради Tor-јазлите со кои оперира или coldkernel кој го развиваме во моментов“, велат од Coldhak чии профил беше еден од првите кои јавно ја покажаа пораката од Twitter.

За поголема безбедност Twitter ги советуваше корисниците да ја користат анонимната мрежа на Tor, по што друштвената мрежа беше обвинета за лицемерие бидејќи кога им одговара го промовираат Tor, а кога не им одговaра го блокираат пристапот до мрежата. Корисниците чии профили се цел на напад доаѓаат од Канада, САД и Австралија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии