Тwitter потврди дека ќе ви вметнува твитови од луѓе кои не ги следите

Twitter ги измени своите правила, додавајќи дека понекогаш ќе ви прикажува твитови од луѓе кои не ги следите. Сега, наместо да гледате твитови од твитерџии кои сакате да ги читате, ретвитови и реклами, во вашиот тајмлајн ќе бидат додадени и твитови кои „се релевантни и популарни“ од луѓе кои не ги следите. Новите промени можеби се однесуваат на твитовите означени како favorites од вашите пријатели, кои Twitter ги гледа како содржина која мора да ја видите, иако таа не е ваш избор.

„Кога ќе препознаеме твит, или профил кој може да го заследите, или друга содржина која е релевантна, ние можеби ќе ви ја додадеме во тајмлајнот. Ова значи дека понекогаш ќе видите твит од луѓе кои не ги следите. Го одбираме секој твит според различните сигнали, вклучувајќи колку е популарен и какви интеракции има со луѓето во вашата мрежа. Нашата цел е да го направиме вашиот тајмлајн порелевантен и поинтересен“, стои како ново објаснување во документот „Што е Twitter тајмлајн?“.

Ова можеби и не е толку лоша промена ако Twitter успее да ви прикаже содржина која им се допаѓа на вашите пријатели. Но, на Twitter сигурно не ги следите само вашите пријатели, како што го правите тоа на Facebook, и следите куп различни профили. Поради разновидноста на профилите, можеби ќе биде проблем на Twitter да ја најде содржината која би била најрелевантна. Пример, ако вашите пријатели почнат да твитаат за фудбалски натпревар, дали тоа ќе значи дека Twitter ќе ви вметнува твитови на тема која не ве интересира од разни други профили кои некогаш не би ги заследиле?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии