Тwitter победи на Super Bowl 2013

Рекламите од овогодинешниот Superbowl покажуваат дека во споредба со конкурентите Twitter e најприсутен во рекламите. Сервисот за микро-блогирање беше спомнат 26 пати во рекламите, Facebook 4, a Google+ помина без спомнувања. Во 52-те реклами (кои може да ги видите тука) имаше и простор за по еден коментар за Youtube и Instagram, известува Marketing Land.

Во споредба со минатата година Twitter бележи пораст од над 500 отсто или уште поимпресивно е присуството на блогот во 50 отсто од сите прикажани реклами на Superbowl XLVII. Facebook пак бележи пад од 50 отсто откако од 8 „стигна“ до 4 реклами.

Оваа статистика е во согласност со последната анализа на WebSocialIndex која покажува дека Twitter е најбрзорастечка социјална мрежа, а корисниците на Twitter пораснале за 40 отсто од вториот до четвртиот квартал во 2013. Микро блог платформата сега е присутна кај 21 отсто од сите корисници на интернет. Интересно е што Twitter повеќе се користи како медиум за добивање на информации, поточно над 51 отсо од корисниците читаат, ретвитуваат или коментираат на веќе објавени пораки/статуси.

3 коментари на “Тwitter победи на Super Bowl 2013

  1. Главниот факт во оваа ситуација е што Super Bowl 2013 е главниот спортски настан во годината во САД. Американците многу повеќе користат Twitter отколку луѓето во другите држави, па сосема јасно е што е и најмногу застапен во овие реклами.

    1. Toчно. Но, во САД исто така се користи и Facebook, дури повеќе од што се користи Twitter. Поентата е што компаниите го одбираат Twitter како алатка за маркетинг пред Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии