Twitter одбил 10 милијарди долари понуда од Google?

За разлика од Groupon кој има неверојатен бизнис план со огромна потенцијална заработувачка, се претпоставува дека може да врти 2 милијарди долари приходи, Twitter нема бизнис план. Всушност, има, но во форма на промотивни твитови и реклами со кои направи 45 милиони долари приход во 2010-та. Еден од проблемите со тој бизнис план е што скоро 200-те милиони корисници не сакаат да гледаат промотивни твитови или реклами во нивните Twitter клиенти и стримови, нешто што и самата компанија не сака да го направи поради корисничкото искуство.

Информацијaта дека Twitter одбил 10 милијарди долари од Google доаѓа од Fortune, поточно од новинарката Џеси Хемпел, која пишува:

„Од стартувањето на Twitter, Интернет гигантите започнаа да размислуваат да го купат бидејќи веруваа дека ова е она друштвена мрежа која ќе може да се натпреварува со Facebook. Последната есен Microsoft, Google и самиот Facebook сакаа да ја купат компанијата. Microsoft никогаш не понуди понуда, според изворите, но Facebook се верува дека понудил 2 милијарди за Twitter, и Google, најмногу сериозниот, понудил дури до 10 милијарди. Има многу прашања зошто Twitter не сака да се продаде. Всушност, Microsoft еднаш сакаше да понуди 44.6 милијарди за Yahoo. Сега Yahoo вреди половина од тоа.“

Сепак, Тwitter е се уште шестиот највреден стартап кој е проценет на 5 милијарди долари и е стартап кој е се уште во раст.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии