Тwitter објасни зошто #wikileaks не е тренд на сервисот, но…

Сега, Twitter објави блог пост во кој објаснува како работи алгоритмот за истакнување на трендовите на сервисот за микро-блогирање.

„Тrends листата е дизајнирана да им помогне на луѓето да ги откријат „најновите“ најнови вести од ширум светот, во реално време. Trends листата ги фаќа најжешките теми кои се појавуваат во моментот, не само тие кои се најпопуларни. Или објаснето на друг начин, Twitter ги фаворизира иновацијата/новоста пред популарноста.“, објаснува Twitter линкајќи до инфографик на (види подолу).

Тwitter вели дека популарните теми стануваат тренд кога бројот на твитови за таа тема ќе се зголеми драматично во даден момент, што значи дека иако Wikileaks се споменува повеќе од темите кои се излистани како трендови, сепак #wikileaks e популарна тема постојано, а не новост.

Но, од друга страна, сликата од инфографикот на BuzzFeed, прикажува драматично зголемување на дискусиите за Wikileaks за ноември и декември, што можеби и го демантира одговорот на Тwitter.

Инаку, Тwitter, заедно со Facebook, рекоа дека нема да ги тргнат профилите на Wikileaks на нивните мрежи, но во меѓувреме ги забранија профилите на хакерските групи кои започнаа да напаѓаат сајтови како поддршка на Wikileaks и Џулијан Асанж.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии