Тwitter негира дека се пробиени 32 милиони профили

Leaked Source објави дека дури 32 милиони профили на Twitter се продаваат на „темниот веб“. Истиот извор, кој пред некое време објави за пробиените 160 милиони профили на LinkedIn, вели дека дека постојат докази дека податоците се украдени. Но, Twitter вели дека нивните системи не биле хакнати.

Демант исто така доаѓа од страна на директорот за безбедност на Твитер, Мајкл Коатес, кој наведува дека се во соработка со LeakedSource за добивање на нови информации околу случајот. Од LeakedSource пак наведуваат дека милиони компјутери биле нападнати од malware преку познатите веб пребарувачи Chrome и Firefox, со што на хакерите им биле препраќани потребните детали. Од истиот извор се наведува дека моментално профилите се продаваат во замена за 10 биткоини на „темниот веб“.

Тwitter моментално превзема безбедносни мерки со што им праќа проверки на потенцијалните загрозени корисници од ваквиот вид на напад. Се вели дека 15 од 15 проверки биле успешни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии