Twitter не е вистински друштвен, вели основачот Џек Дорси

Јавен, во реално-време и едноставен, но не и друштвен. Вака ко-основачот Џек Дорси ја опишува својата друштвена мрежа Twitter. Тој на DLD конференцијата објасни дека Twitter е начин да се дознае за што прават пријателите, но повеќе од тоа е алатка да се дознае за што прават другите луѓе кои се блиски до вас од целиот свет.

„Ние дефинитивно велиме дека друштвеното е едно од нештата што луѓето го прават на Twitter. Гледаме на него како на алатка за информации и мрежа за комуникација.“

Г. Дорси, кој е и основач на платформата за мобилно плаќање Square, вели дека Twitter е подобар од Google+ и Facebook бидејќи е попристаплив, односно не ве обрзува да имате профил на мрежата за да ја користите.

Што се однесува до бизнис моделот на Twitter, тој вели дека моделот функционира бидејќи се повеќе огласувачи ги прифаќаат промовираните твитови, профили и трендови. Според него, во моментот се ангажирани да ја зголемат популарноста на сервисот и бројот на корисниците, а со тоа ќе дојде и поголемо рекламирање и приходи.

[youtube]Yj6rLZhE92I[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии