Twitter најде креативен начин да го зголеми лимитот од 140 знаци

Twitter најави дека наскоро ќе го зголеми бројот на знаците, но на креативен начин. Наместо отстранување на лимитот од 140 знаци, Twitter нема да ги брои имињата споменати во твитовите, прикачените гифови, сликите и видеата. Со ова друштвената мрежа на своите корисници ќе им овозможи повеќе простор за искажување.

Ова не се единствените промени кои ги најавува, па наскоро секој корисник ќе може да си ретвитува и цитира и сопствeните твитови. Дополнително најавени се промени и за видливоста на твитовите, во зависност од следењето. „Мора да обезбедиме повеќе простор за разговор на Twitter. Ова е најголемата промена која ја правиме во поново време, им овозможуваме на корисниците контрола над сите 140 карактери“, вели Џек Дорси во интервју за Verge.

Промените се направени бидејќи додавањето на неколку пријатели во твитoвите значително го намалува просторот за разговор. Промената кај видливоста на твитовите се однесува на делот од алгоритмот за прикажување кој досега ги криеше одговорите доколку корисникот не ги следи корисникот кој го испраќа твитот и споменатиот корисник. Со новите промени се чини дека барем засега, нема да се остварат предвидувањата дека Twitter ќе овозможи подолги твитови од 140 карактери, иако приватните пораки речиси една година се без ограничувања.

1 коментар на “Twitter најде креативен начин да го зголеми лимитот од 140 знаци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии