Twitter можеби ќе дозволи да се едитираат твитовите

Twitter работи на функција која ќе им овозможи на корисниците да ги променат своите твитови откако ќе бидат споделени, јавува The Desk повикувајќи се на три анонимни извори блиски до компанијата.

Опцијата за промена на твитот ќе биде присутна определено време по објавување на пораката. Во тоа кратко време корисниците ќе можат да променат одреден збор, исправање на грешка при пишувањето, или додавање на еден или два збора. Промените ќе бидат регистрирани кај секој кој го ретвитнал оригиналнито твит како дополнителен ретвит. Засега времето во кое ќе бидат овозможени ови мали модификации е непознато, но изворите велат дека Twitter сè уште работи на ова.

Проектот е на врвот на листата на Twitter веќе неколку месеци, a платфомата за микро-блогирање е заинтересирана за ова бидејќи ќе овозможи продлабочување на соработката која ја имаат со медиумските организации и креаторите на содржини.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии